Aдолф "Ади" Даслер започна да произведува свои спортски патики во кујната за миење на мајка му во Херцогенаурах, Баварија, по неговото враќање од Првата светска војна. Во 1924 година, неговиот брат Рудолф "Руди" Даслер се приклучи на фирма која стана Gebrüder Dassler Schuhfabrik (Браќа Даслер, фабрика за чевли) и просперираше. Двајцата почнаа со нивната авантура во пералната на мајка им, но во тоа време, снабдувањето со електрична енергија во градот беше непостојано, и браќата понекогаш мораа да ја употребуваат силата на педалот од стационарен велосипед за да може да функционира нивната опрема.
За време на Летните олимписки игри во 1936, Ади Даслер возеше од Баварија на еден од првите автопати во светот до олимпиското село со куфер полн со крампонки и го убедуваше американскиот спринтер Џеси Овенс да ги користи, што преставува и прво спонзорство за еден Афроамериканец. Одкако Овенс освои четири златни медали, неговиот успех ја зацементира добрата репутација на Даслер патиките меѓу најпознатите спортисти во светот. Писма од целиот свет стигнаа на бирата на браќата, и тренерите на другите национални тимови, беа заинтересирани за нивните патики. Бизнисот напредуваше со брзо темпо и браќата Даслер продаваа по 200.000 пара патики годишно, до пред Втората светска војна.
Подоцна во Втората светска војна,фабриката за патики се префрли на производството на Панцершрек(Panzerschreck) противтенковското оружје.
This comment has been removed by the author.
ReplyDelete