Забава

                                                 Забава



    Вицови

На час по биологија

Час по Биологија. Наставничката прашува:
- Кажете ми кој дел од човечкото тело под одредени услови се зголемува 6 пати?
Ученичка со гневен тон:
- Не сакам да ви одговорам на ова прашање и ќе се жалам на родителите и кај директорот на училиштето!
Наставничката му го поставува истото прашање на друг ученик, кој одговара:
- Зеницата на окото може да се зголеми до 6 пати при слаба осветленост.
- Точно! – вели наставничката а потоа и се обраќа на ученичката:
- Тебе имам да ти кажам три работи: Прво – не си ја научила лекцијата. Второ – имаш валкана потсвест. Трето – еден ден во иднината те очекува сериозно разочарување!
 






Оди Македонец кај својот бизнис пријател од Хрватска на гости. Хрватот живее во луксузна вила, има луксузен автомобил, аква парк, внатре скап мебел. Македонецот го прашува:
- Кажи ми како успеа сето ова да го стекнеш?
Хрватот:
- Бизнисот не ми одеше добро па решив да се вмешам и во политиката. Го гледаш ли оној мост?
- Го гледам.
- Тој мост требаше да биде широк 55 метри, а јас го направив 50 метри. Од парите за тие 5 метри е сето ова.
После неколку години Хрватот оди кај Македонецот на гости. Гледа дека овој има дупло поголема вила, неколку луксузни автомобили, базенти, келнери...
Хрватот прашува:
- Како успеа за неколку години да го стекнеш ова?
- Ги послушав твоите совети и јас станав политичар. Го гледаш ли оној мост?
- Не го гледам.
- Еееее...

No comments:

Post a Comment